Три дена музика, љубов, концертни амбиенти и сите фестивалски луѓе заедно и на официјалната програма на големата сцена на Центарот за култура и на оф програмата во клубот Јагода, е дел од годинешното 13-то по ред издание на Фестивалот на музика од светот. Оваа година ќе се одржува од 19 ти до 21 ви ноември.
Селекторот Владимир Димовски, годинава се одлучи за програма која ќе биде патување од танго, преку џез, до етно звуци од Балканот и македонски евергрини, како и вклучување на електронската музика во неофицијалната програма.
Првиот од серијата три концерти е оној на LIBERCUATRO TANGO ENSEMBLE од Србија, кој во петок го отвара фестивалот. Втората вечер е резервирана за балканскиот славеј, Билјана Биља Крстиќ, која во сабота гостува на фестивалот, придржувана од Камерниот оркестар на Битола . До денес има издадено повеќе албуми и има создадено музика за филмови како „Спасител“ и „Зона Замфирова“.
Мора да признаам дека во животот никогаш не сум имала трема кога излегувам да пеам.Возбудена сум, ќе настапам со оркестар кој не го познавам, но слушнав убави работи за истиот. Големо задоволство ми е да настапувам на едно вакво издание, посебно во градот во кој никогаш не сум била. Со мојот оркестар го поминавме речиси целиот свет, а никако да стигнеме до Битола. Мене ми е навистина драго што ќе бидам дел од вашиот убав фестивал“,изјави Крстиќ.
На сцената заедно со Биља Крстиќ, ќе биде и Елена Андоновска.
Со почеток од 23 часот во клубот Јагода,ќе настапи Zamer од Грција со Berryqyat како локална поддршка.
Македонските евергрини ќе будат испеани од Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски на концертот на Битолскиот дувачки оркестар, кој ќе се одржи во недела на 21 ноември во 20.00ч во Големата сала на Центарот за култура и ќе биде завршница на тридневниот фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.