В среда, на 15 септември во Мала станица ќе биде отворена изложбата „Допирот“, подготвувана во соработка со Националната галерија, Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Велика Британија. На изложбата учествуваат исклучителни уметнички имиња од британската визуелна сцена која ја третира проблематиката на движечки слики (Бен Риверс, Уриел Орлоу, Шарлот Проџер, Луис Хендерсон и Бедвир Вилијамс) како и нашите еминентни современи уметници – Елпида Хаџи-Василева, Велимир Жерновски и Кристина Пулејкова.
Дискурсот за екологијата и заштита на животната средина е во фокусот на уметничките истражувања. Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври. Куратор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.