Организацискиот одбор на манифестацијата „Рацинови средби“ реагира на доделени 105.000 денари од годишната програма на Министерството за култура.
Што ќе беше македонската култура,македонскиот јазик, што ќе беше Македонија без Коста Солев – Рацин?, прашуваат оттаму. „Рацинови средби“ која беше и треба да е една од трите врвни манифестации заедно со „Струшките вечери на поезијата“ и „Охридско лето“, оваа година добија само 105.000 денари, стои меѓу другото во соопштението до јавност од манифестацијата „Рацинови средби“.
На вчерашната седница, членовите на одборот ги разгледале состојбите со распределбата на средства во Годишната програма за култура на Министерството за култура за 2019 година.
Членовите изразија загриженост од одлуката „Рациновите средби“ во 2019 година да се поддржат само со минимални 105.000 денари и побараа од премиерот и министерот за култура преиспитување на одлуката. Воедно, организацискиот одбор достави и соопштение до јавноста со образложение за нивниот став. Како што нагласи Аце Коцевски, претседател на Организацискиот одбор, „Рациновите средби“ треба да се почитуваат како една од трите најзначајни културни манифестации од национален интерес. На седницата беа предложени нови содржини за организација на 56. издание на „Рациновите средби“ во јуни годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.