Од 19 до 21 март во Кинотеката на Македонија за првпат ќе се одржат денови на европски филм, ЕУРОПА ПАНОРАМА: ДЕНОВИ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ со десетина кратки и документарни филмови.

Месецот на европски филм ќе ви претстави и два интересни наслови во романска продукција: долгометражниот анимиран филм МЕРСИ СТРИТ на Александру Бузеа, Стефан Бузеа и МИЛЕНИЧИЊА на Адријан Ситару.

Традиционално перцепиран како „женски“ месец, март ќе ви ги претстави и Вечерите на женски права со два извонредни документарци – ТАА ЗАПОЧНА на Нора Поги и Инсија Саед, и КОД – ОТСТРАНУВАЊЕ НА РОДОВИОТ ЈАЗ на Робин Хаузер Рејнолдс. Авторите на двата документарци се фокусираат на жените и девојките во светот на информатичкитетехнологии.

Програмата ЕУРОПА ПАНОРАМА: ДЕНОВИ НА НОРДИСКИ ФИЛМ во три вечери ќе ви претстави десетина краткометражни дела на автори од Северна Европа, а пролетно загревање на фестивалот СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ ви нуди 4 музички документарци, портрети на некои од најзначајните имиња во светот на музиката.

Март нуди уште неколку одлични филмови, а месецот го завршуваме со Фестивалот на современиот грчки филм во организација на КИНЕНОВА. Со овој фестивал го започнуваме и следниот месец – април, информираат од Кинотека на Македонија.

Целата програма може да ја погледнете на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.