Саемот за книга 2020 ќе се одржи од 8. до 14. септември на отворено во СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти. Преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга за прв пат се одржува на отворен простор. Со Саемот на книга на отворено, започнува и првиот од саемите под мотото: „Безбедни саеми”, кои пред сè ќе ја имаат предвид безбедноста на посетителите и изложувачите и ќе се адаптираат на новонастанатите услови.

Од денес, влезници за саемот ќе може да се купат и преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари.

На саемот ќе земат учество повеќе од 40-тина издавачки куќи кои најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции и големи саемски попусти до 70 отсто.

Саемот на книга и оваа година е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.