Од 1 -3 Јули, на сцената на Македонскиот Народен Театар ќе се оддржи 12 – от по ред Интернационален Фестивал на Пантомима и Физички Театар “ПАНФИЗ” 2019.
Оваа година со “Скопско Лето” заеднички го прославуваме 12 от “Панфиз” и 40 то “Скопско Лето”, па така со заеднички сили го правиме и отворањето на “Панфиз”, на 1 Јули во 20.00 ч. на Големата Сцена на МНТ. Фестивалот ќе го отвори националниот координатор за култура Г-нот Роберт Алаѓозовски , а на самото отворање ќе настапи финската атракција МИМОАРТКОМПАНИ со претставата “Боди Ноутс” која е една од највредните продукции изминатава година во Финска.
На вториот ден 2 Јули, имаме две претстави, една од 20.00 и една од 21.30 ч. И двете ќе се одиграат на Малата Сцена на МНТ.
Првата ни доаѓа од Бугарија и е пантомима во изведба на театарот МЕТАМОРФОЗИ а претставата носи наслов “Белиот Бип”
Втората е наша македонска продукција и се работи за проектот на театар “Страница” наречен “Скопје ‘63”, која низ пантомимска игра раскажува за катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 год.
Оваа година оддржуваме и еднонеделна буто работилница под водство на артистот Марко Нектан од Србија со група од десетина помлади и постари македонски артисти и од оваа работилница како производ треба да произлезе и четвртата претстава на “Панфиз” која и ќе го затвори истиот.
Се работи за буто перформансот “Кабаре на Апсурдот” кој ќе се одигра на 3 Јули на Малата Сцена на МНТ во 20.00 ч.
По претставата ќе биде доделена единствената награда за најдобра претстава чиј спонзор и оваа година е семејството Пацови од Бугарија, вели Трајче Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.