Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје ја реализираше својата најнова анкета за тоа што читаат младите, односно средношколците од Скопје и Републиката.

Анкетата беше анонимна, беа опфатени 970 испитаници, од кои 440 од машки и 530 од женски пол.

На анкетните прашања одговорија 160 ученици од прва година, 220 ученици од втора година, 410 ученици од трета година и 170 ученици од четврта година во средното образование.

На прашањето Дали купувате книги во печатена форма, потврдно одговорија 740, а негативно 210 ученици.

Додека пак, на прашањето Дали купувате книги во електронска форма, 150 испитаници одговорија потврдно, а 850 испитаници одговорија негативно.
На прашањето Дали читате книги преку интернет, 560 испитаници одговорија потврдно, а 390 испитаници одговорија негативно.

Додека пак на прашпањето Од кој жанр се книгите што ги читате, 310 одговори беа за љубовни, 430 за научна фантастика, 240 за трилери, 330 за мистерии, 280 за драми, 260 за историски книги, 430 за авантуристички, 260 за хумористични.

На прашањето колку страници имаат книгите што ги читаат средношколците, тие одговорија дека 50 читаат книги до 10 страници, 210 читаат книги до 200 страници, 370 читаат книги до 300 страници, 250 читаат книги до 400 страници и 220 читаат книги над 400 страници.

Во врска со цената на книгите шти ги купуваат средношколците, од нив 100 одговорија дека купуваат книги со цена до 150 денари, 210 со цена до 250 денари, 360 со цена до 350 денари и 320 со цена над 350 денари.

На прашањето на кој јазик се книгите што ги читаат среношколците, 750 одговорија на македонски, 570 на англиски, 200 на албански јазик, 120 на српски јазик и на други јазици.

На прашањето за најомилените автори, ги добивме следниве одговори: 150 ја читаат Џ.К. Роулинг, 100 го читаат Толкин, 100 го читаат Стивен Кинг, 90 го читаат Виктор Иго, 80 го читаат Жил Верн, 70 го читаат Артур Конан Дојл, 70 го читаат Шекспир, 60 ја читаат Агата Кристи, 40 го читаат Хомер, 30 го читаат Блаже Конески, 40 го читаат Гијом Мисо, 40 го читаат Достоевски, 30 го читаат Р.Р. Мартин, 30 го читаат Балзак, 30 го читаат Линвуд Баркли, 30 го читаат Лав Толстој, 30 го читаат Џон Грин, 30 го читаат Едгар Алан По, 20 го читаат Херман Хесе, 20 го читаат Ден Браун, 20 ја читаат Кристи Голден, 20 го читаат Милорад Павиќ, 20 го читаат Џорџ Орвел, 20 го читаат Исмаил Кадаре, 20 го читаат Чарлс Дикенс и други автори.

Додека пак на прашањето за најомилените книги, 130 се определија за Хари Потер, 90 за Клетници, 60 за Илијада, 60 за Пат околу светот за 80 дена, 50 за Игра на тронови, 40 за Шагринска кожа, 40 за Шерлок Холмс, 40 за Артур Гордон Пим, 30 за Одисеја, 30 за Кодот на Да Винчи, 30 за Господар на прстените, 30 за До сите момчиња кои ги сакав порано, 30 за Перфектна хемија, 30 за Хамлет, 30 за Ангели и демони, 30 за 1984, 30 за Робинзон Крусо, 30 за Злосторство и казна, 20 за Гилгамеш, 20 за Островот на богатството, 20 за Девојката од хартија, 20 за Временска порта, 20 за Ана Каренина, 20 за Вината во нашите ѕвезди, 20 за Дон Кихот, 20 за Тоа, 20 за Сон на летната ноќ, 20 за Хобитот, 20 за Моќта на потсвеста, 20 за Хаклбери Фин, 20 за Малечката Фадета, 20 за Генералот на мртвата војска, 20 за Пределот сликан со чај, 20 за Евгениј Онегин и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.