Американската филмска академија ги објави номинациите за годинешното 91. доделување на престижните „Оскари“. Филмовите „Рома“ на режисерот Алфонсо Куарон и „Омилената“ на Јоргос Лантимос се фаворити со по десет номинации.
Со церемонија што беше пренесувана во живо од театарот „Семјуел Голдвин“ во Лос Анџелес, актерите Кумаил Нанџиани и Трејси Елис Рос ги објавија номинациите.
Во категоријата за најдобар филм номинарни се „Црниот пантер“, „Боемска рапсодија“, „Омилената“, „Зелената книга“, „Рома“, „Звездата е родена“, „Вајс“ и „Црниот припадник на Кју-клукс кланот“ (BlacKkKlansman).
Во трката за најдобар режисер се номинирани Алфонсо Куарон, за режијата на филмот „Рома“, Бредли Купер („Ѕвездата е родена “), Спајк Ли („BlacKkKlansman“), Јоргос Лантимос („Омилената“), Адам Мекеј („Вајс“) и Павел Павликовски („Студена војна“).
За најдобри главни машки улоги се номинирани Кристијан Бејл („Вајс“), Рами Малек („Боемска рапсодија“), Бредли Купер („Ѕвездата е родена“), Виго Мортенсен („Зелената книга“) и Вилијам Дефо („На портата на вечноста“).
Кај актерките, пак, за најдобра главна женска роља номинирани се Леjди Гага, за улогата во филмот „Ѕвездата е родена“, Јалица Апарисио („Рома“), Глен Клоуз („Сопругата“), Оливиja Колман („Омилената“) и Мелиса Макарти („Дали некогаш можеш да ми простиш?“).
Во другите категории се номинирани:
Најдобар странски филм
„Капернаум“
„Студена војна“
„Крадци“
„Never look away“
„Рома“
Најдобра оригинална песна
„All The Stars“, „Црниот пантер“
„I’ll Fight“ – „RBG“
„Shallow“ – „Ѕвездата е родена“
„The Place Where Lost Things Go“ – „Мери Попинс се враќа“
„When A Cowboy Trades His Spurs For Wings“ – „Баладата за Бастер Скрагс“
Најдобар анимиран филм
„Неверојатните 2“
„Остров на кучињата“
„Мираи“
„Ралф го крши интернетот“
„Спајдермен: Во Спајдер-верзумот“
Најдобро адаптирано сценарио
„Баладата за Бастер Скрагс“
„Црн член на Кју-клукс клан“
„Ќе ми простиш ли некогаш?“
„Ако улицата Бил можеше да зборува“
„Ѕвездата е родена“
Најдобро оригинално сценарио
„First Reformed“
„Зелената книга“
„Рома“
„Фаворитот“
„Заменик“
Најдобар режисер
Алфонсо Куарон, „Рома“
Павел Павликовски, „Студена војна“
Спајк Ли, „Црн член на Кју-клукс клан“
Адам Мекеј, „Заменик“
Јоргос Лантимос, „Фаворитот“
Доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи на 24 февруари во Лос Анџелес и годинава веројатно ќе нема домаќин. Актерот и комичар Кевин Харт се повлече од таа улога поради критиките упатени кон него заради негови хомофобични објави на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.