По повод седумдесет и седумгодишнината од раѓањето на Божин Павловски, во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „77 есеи за романите на Павловски“, во избор  на писателот Блаже Миневски. На страниците од ова дело застапени се текстови од истакнатите македонски писатели, литературни критичари и научници, меѓу кои посебно место заземаат прилозите на  Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Милан Ѓурчинов, Влада Урошевиќ, Паскал Гилевски, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски и др.

Божин Павловски (Жван, 1942) е македонски и австралиски писател. Живее и твори во Скопје и во Мелбурн. Автор е на романите: Миладин од Кина, Дува, Вест Ауст, Црвениот хипокрит, Уткини соседи, Враќање во сказните, Дува и болвата, Подвижни гробови, Патување со љубената, Египетска сонувалка, Изгубени во рајската градина, Мирисите на доилката, Роман за моето заминување, Се викам Хај Гудбај, Убавицата и Мародерот, Зима во лето, Светлечкиот поток, Рогот на љубовта, Градинар, Пустина, Америка, Америка и Монахот од Тамнава. За неговиот богат романесиерски опус е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.