Откако Владата се согласи, Министерството за култура ја објави Годишната програма за инвестиции во културата.
Според објавените податоци, програмата ќе се реализира со вкупно 209 милиони и 500 илјади денари, сретства од буџетот за 2020 година и опфаќа 12 проекти за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните, што ги користат националните установи во културата.
Во Тетово ќе се гради нов објект за театар и библиотека со 120 милиони денари, а носител на активноста е Центарот за култура „ Иљо Антески-Смок“.
По добиена согласност од Владата, Министерството за култура денеска ја објави Годишната програма за инвестиции во културата. Програмата ќе се реализира со вкупно 209 милиони и 500 илјади денари, сретства од буџетот за 2020 година. Таа опфаќа 12 проекти за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните, што ги користат националните установи во културата.
Според програмата за инвестиции во културата, во Тетово ќе се гради нов објект, со намена за театар и библиотека. За тоа се планирани 120 милиони денари, а носител на активноста е Центарот за култура „ Иљо Антески-Смок“. За изградба на театарот во Струмица, се планирани 51 милион денари , а активноста ќе оди преку Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Струмица. Издвоени се сретства во висина од 3 милиони денари за обезбедување проектна документација, за реконструкција на објектот на Центарот за култура „ Антон Панов“, од Струмица. Носител на активностите за обезбедување на документацијата е Министерството за култура , кое се јавува во тоа својство и за изведување на завршните работи на театарот во Велес, за што се планирани 3 милиони денари, за изведба на дополнителните системи за ладење во техничките простории на Македонската филхармонија ( 3 милиони денари), за реконструкција на зградата на театарот при ЦК „ Трајко Прокопиев “-Куманово ( 5 милиони денари) и за реконструкција на објектот на ЦК „ АСМОН“ во Гостивар, со планирани 10 милиони денари.
Ресорното министерство , исто така, е носител на активностите за обезбедување проектна документација за реконструкција на објектот на Музејот на Македонија. За таа цел се планирани 3 милиони денари од буџетот. Иста сума е предвидена и за обезбедување проектна документација, за реконструкција на театарот при ЦК „ Марко Цепенков“ од Прилеп, а за изработка на проектна документација за реконструкција на објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија, се предвидени 6 милиони денари.
Со 500 илјади денари ќе се реконструира кровот на објектот, посветен на Разловечкото востание, во село Разловци, кој работи при ЦК „ Никола Јонков Вапцаров“, од Делчево, а во ЦК „ Кочо Рацин“ во Кичево, со 2 милиони денари ќе се адаптира дел од просторот во галерија.
Во Струмица, се планирани 51 милион денари , а активноста ќе оди преку Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Струмица. Издвоени се сретства во висина од 3 милиони денари за обезбедување проектна документација, за реконструкција на објектот на Центарот за култура „ Антон Панов“, од Струмица. Носител на активностите за обезбедување на документацијата е Министерството за култура , кое се јавува во тоа својство и за изведување на завршните работи на театарот во Велес, за што се планирани 3 милиони денари.
Во македонската филхармонија за изведба на дополнителните системи за ладење во техничките простории издвоени се 3 милиони денари, за реконструкција на зградата на театарот при ЦК „ Трајко Прокопиев “-Куманово 5 милиони денари и за реконструкција на објектот на ЦК „ АСМОН“ во Гостивар, со планирани 10 милиони денари.
Ресорното министерство , исто така, е носител на активностите за обезбедување проектна документација за реконструкција на објектот на Музејот на Македонија. За таа цел се планирани 3 милиони денари од буџетот. Иста сума е предвидена и за обезбедување проектна документација, за реконструкција на театарот при ЦК „ Марко Цепенков“ од Прилеп, а за изработка на проектна документација за реконструкција на објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија, се предвидени 6 милиони денари.
Со 500 илјади денари ќе се реконструира кровот на објектот, посветен на Разловечкото востание, во село Разловци, кој работи при ЦК „ Никола Јонков Вапцаров“, од Делчево, а во ЦК „ Кочо Рацин“ во Кичево, со 2 милиони денари ќе се адаптира дел од просторот во галерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.