Издавачката куќа Готен го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. За овој роман, Зајлер ја доби Германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“.
1989 година. Се ближи крајот на Студената војна. Младиот студент по литература Ед бегајќи од големата лична трагедија заминува на балтичкиот остров Хидензе. Обвиен под превезот на митовите, островот е позната дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија.
На островот, Ед завршува во „Еремитот“, најпопуларниот ресторан на Хидензе, како мијач на садови. Иако има намера да се држи настрана, Ед е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот водач на сезонските работници на островот. Сите танцуваат според нотите на Крусо. Тој се наоѓа на мисија – но за која цел и по која цена? Наскоро Ед е вовлечен уште подлабоко во ритуалите на островот и му се зголемува желбата да биде прифатен и сакан од Крусо. Како што бранот на историјата ја збришува Германската Демократска Република, животот на островот веќе никогаш нема да биде ист.
Во 2018 година, според овој роман германскиот режисер Томас Штубер го сними истоимениот филм.
Преводот на книгата од германски јазик е на Ксенија Чошкова.
Објавувањето на романот „Крусо“ се реализира во рамки на проектот „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од книжевности што припаѓаат на балтичкиот регион.
Објавувањето на книгата е поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.