Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска, со Македонскиот ПЕН-центар, ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата, во Центарот за конференции и студии со почеток во 13 часот.
Реномираните македонски поети Зоран Анчевски, Весна Ацевска, Михаил Ренџов, Санде Стојчевски, Јовица Тасевски-Етернијан, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски и други членови на Македонскиот ПЕН-центар ќе прочитаат свои стихови, а послание за поезијата ќе упати проф. д-р Наташа Аврамовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.