Новинарските екипи беа спречени од обезбедувањето на Македонскиот народен театар (МНТ) да влезат внатре и да ја снимаат штетата која во петокот ја предизвика навивачката група „Шверцери“, објави „Лидер“.

На екипата на „Лидер“ и било кажано дека има допис од директорката никого да не пушта во театарот.

Директорката пак, утринава, во изјава за медиумите рече дека има предизвикано штета и дека ќе им дозволи на медиумите да снимаат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.