На 30 мај, на пладне, во ресторанот „Пелистер“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на новиот албум на Дуо Скупи (Ермаљ Мехмети- виолина и Јета Старова Мехмети-флејта) насловен „Нови македонски звуци“ (NEW MAK SOUNDS).
Делото ќе го промовираат проф.д-р.Јане Коџабашија, композитор и музиколок актуелен в.д. директор на СОКОМ, проф. д-р. Ермис Лафазанофски, македонски писател, Љупчо Јолевски, новинар, водител и уредник, Мирко Стефановски, поранешен директор на МНТ, Опера и балет и Дирекција за култура, Никола Глигоров, директор на Дирекција за култура, а краток настап ќе имаат Портокаловата група од градинката Бисери, Скопје.
Нови македонски звуци трет по ред албум нa Дуо Скупи и во него се сместени осум познати македонски песни и ора (Сношти сакав да ти дојдам, Гајдарско оро, Зајди зајди на Александар Сариевски, Море сокол пие, Си заљубив едно моме, Касапско оро, Скопско оро на Ангел Нанчевски и Јовано, Јованке) во аранжман за флејта и виолина во нов модерен и современ звук од виолинистот Ермаљ Мехмети.
Изданието го подржаа Министерството за Култура, Комерцијална банка и До ре ми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.