И оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ има нови книги кои веќе можат да се зајмат на пултот секој работен ден од 8 и 30 до 16 часот. Новата понуда содржи осум наслови една од издавачот Сакам книги а останатите од Антолог.

Се работи за: „Мистеријата на трите четвртини“ и „ Затворениот ковчег ‘ двете од  Софи Хани. Следуваат: „ Првата вечерна ѕвезда“ од Сузан  Елизабет  Филипс и „Последната девојка “ од Надја Мурад.

Од најновата набавка ви ги препорачуваме и романите: „Младата сопруга“ од Алесандро Барико и „Заклучи ги сите врати“ од Сејбер Рајли, а во понудата се и новото издание на „Животинска фарма“ од Џорџ Орвели и „Конци на судбината“ од Марија Дуењас.

Потсетуваме годишната членарина во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за возрасни е 300 а за деца 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.