Од новиот контингент набавени книги тимот од НУ „Григор Прличев“од Охрид оваа недела  ви ги предлага следните наслови:

„Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ од Фредерик Баркман, „Свекрва“ од Сели Хелворт.

Во изборот од девет книги се и: „Гала – Дали“ од Кармен Доминго, „Последниот воз за Истанбул“ од Ајше Кулин и „Пукнатина“ од Јозеф Карика.

Не помалку интересни за читање се и следните романи: „Ана“ од Николо Аманти „Децата на злото“ од Миодраг Мајиќ и „Викендичка со базен“ од Херман Кох, како и „Мирисот на листовите чај“ од Дајана Џефрис.

До први септември пултот за зајмување книги во НУ Библиотека „ Григор Прличев“ ќе работи од 8 и 30 до 16 часот.

Цената  за годишна членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.