На штотуку завршениот филмски фестивал во Минхен, филмот на македонската режисерка Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија” ја освои наградата за најдобра режија, соопштија од продукцијата „Митевски“.

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа. Жирито беше составено од филмски професионалци, филмски новинари,  кои едногласно одлучија наградата за режија да и припадне на нашата режисерка. Наградата е парична и во износ од 5. 000 евра, а се доделуваат од страна на локалната самоуправа.

Германската дистрибуција на Петрунија започнува во месец ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.