Утре од печат излегува новата книга од Оливера Ќорвезироска специфично насловена „АБ’Т“. По теориската „Еден текст и една жена“ (2016) и збирките раскази „(СО)шиени раскази“ (2017) и „Улиците што ги нема“ (2018), ова е четврта соработка на издавачката куќа „Или-Или“ со еминентната книжевна критичарка и писателка.

По 14-годишна пауза и нејзиниот тогаш прв роман „Заклученото тело на Лу“ (Магор, 205), Ќорвезироска повторно влегува во романескните води и ни го „подарува“ можеби нејзиниот најличен ракопис, како 175 наслов во популарната едиција „ПРОаЗА“. Корицата на книгата ја изработија Марија Смилевска и Владимир Лукаш, а нејзиното излегување е помогонато од Министерството за клутура. Романот веќе од утре ќе може да се набави во книжарницата „Или-Или“, а во следните денови и во останатите книжарници во Скопје и низ државава.

Оливера Ќорвезироска (1965) е македонска писателка и критичарка, авторка на следниве книги: „Страдањата на младиот лектор“ 2000, „Сплетени раскази“ 2003, „Две перници“ 2010, „Новелички без шеќер“ 2017, „Сошиени раскази“ 2017, „Улиците што ги нема“ 2018 (раскази за возрасни); „Заклученото тело на Лу“ 2005, „Аб’т“ 2019 (романи за возрасни); „Отвораат ли сништата работа“ 1999, „Еден Текст и една жена“ 2016 (критика и есеистика); „Кифличката Мирна“ 1993 и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ 2001, преиздадени 2018 (романи за деца); „Дедо Миле“ 2000, преиздадена 2019 (сликовница); „Трети кат“ 1982, „Високите бели“ 1989 (поезија).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.