Неодамна разрешената директорка на Театар Комедија, Нора Шаќири, во гостување на ТВ24 изјави дека била разрешена по анонимна пријава за мобинг и дека е извршена инспекција која донела записник во кој не можеле да дадат инспекциска мерка.

Анонимниот точно ја раскажал целата приказна, Точно е дека водев три дисциплински постапки согласно законот. Спорната постапка е дека човекот кој беше казнет беше три дена отсутен од работа, немаше денови за користење и беше на одмор. Требаше да му дадам отказ, но комисијата реши да биде казнет со 30% од платата на шест месеци. Едната постапка е се уште во тек затоа што човекот се жалеше и управниот одбор ќе донесе некаква одлука – вели Шаќири.

Таа вели дека слушнала гласини оти е сменета поради тоа што нејзиниот брат, Бени Шаќири, се кандидирал за градоначалник на Град Скопје, како еден од противкандидатите на поранешниот градоначалник, Петре Шилегов.

Од она што го слушам во јавноста, е дека, сепак, е така и јас сум им благодарна што ми ја испорачаа фактурата поради кандидатурата на Бени, која е скапо платена – изјави Шаќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.