Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директорка на НУ Театар Комедија.

Министерството за култура соопштува дека поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија.

При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура. До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот, соопштуваат од Министерството.

Нејзниот брат, пејачот Бени Шаќири конкурираше за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) каде што се уште в.д. директор е Русе Арсов, но тој конкурс беше поништен од страна на градоначалникот Петре Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.