Оскаровецот „Номадленд“, филмот на кинеската режисерка Клое Жао денеска ќе се прикаже на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во 22, 30 часот во Градскиот парк, во гала програмата.
Претходно, во 20:30 часот, на истата локација во Градски парк е проекцијата на филмот „Пад“ на Виго Мортенсен. Билетите чинат по 100 денари.
Во парк Ибни Пајко, во 21 часот ќе се прикаже филмот „Тамбурите“ на Станислав Томиќ, а во 23 часот „Човекот со одговорите“ на Стелиос Каматсис.
Филмови има и во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) и на тврдината Кале. Од програмата синеМјузик, за во 23:30 во МКЦ парк е најавен концертот на Дина Јашари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.