Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го честиташе голелмиот јубилеј на првиот македонски печатен дневен весник, кој со денешното викенд-издание го одбележува излегувањето на 25.000-от број.

Честитки за големиот јубилеј на ,,Нова Македонија” првиот македонски дневен весник. „Нова Македонија” е сведок на создавањето и градењето на македонската држава, на подемите, падовите и повторните подеми на Македонија, сведок на создавањето и на самостојна Република Македонија, весник од кој се информираме секое утро, со кој пораснавме и се надевам ќе остариме.

Честитки за целата редакција на „Нова Македонија”, за сите кои неуморно работат како и за сите генерации кои поминале низ весникот. Уште многу јубилеи!, порача Николоски.

За овој редок јубилеј на првиот македноски весник прочитајте повеќе во „Нова Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.