Годинава нема да биде доделена највисоката државна награда за новинароство и публицистика „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, бидејќи ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство соопштија од Министерството за култура.

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, одлучи во 2019 година државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати бидејчи ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда, велат од Министерството.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” е Катерина Блажевска.

Лани наградата ја добија Марина Костова, заменик-главна уредничка на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК, и Емин Аземи од Коха. Костова ја доби наградата за публицистика, за повеќегодишниот комплексен, меѓународен и мултидисциплинарен публицистички проект „Монографија Манчевски“ за творештвото на режисерот и уметник Милчо Манчевски. Аземи ја доби наградата за новинарство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.