Одобрувањето за пренамена на средства од Агенцијата за филм со цел доделување еднократна помош на независниот филмски работник е разбирање за неговиот статус и борба за одржување
на овој специфичен кадар, соопштија Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) и Агенцијата за филм за Уредбата со законска сила што ја донесе вчера Владата за финансиска поддршка на филмските работници за време на вонредната состојба.
Независните филмски работници и официјално добија рамноправна субвенција во рамките на изгласаната Уредба со која законски се утврдува финансиската поддршка на филмските работници за време на вонредна состојба. ДФРМ и Агенцијата за филм на РСМ уште на самиот почеток на вонредната КОВИД-19 криза апелираа до Владата преку матичното Министерство за култура за поддршка на филмските работници. Оваа иницијатива имаше за цел, пред сè, да укаже на специфичната природа на ангажманот на филмските работници кои егзистираат единствено од независни филмски проекти, наведуваат во соопштението.
Во заедничката иницијатива, посочуваат ДФРМ и Агенцијата за филм, јасно се дефинирани кои професии спаѓаат во оваа група работници: режисер, помошник режисер, костимограф, монтажер, организатор на снимање, продуцент, фарист и многу други единствени занимања кои би биле квалификувани за доделување на субвенцијата – исплата на две минимални нето-плати – од 14.500 денари, односно вкупно 29.000 за двата најкризни месеца: април и мај.
Во меѓувреме, формирана е и Комисија која преку јавен повик ќе ги разгледуваат барањата за финансиската помош со уште подетални квалификации за оваа поддршка, меѓу кои и: работникот да остварува приход единствено од работа на филм; да има работено на три
професионални филмови во последните пет години, финансиран од страна на Агенција на филм на РСМ и активно да работел на филм во последните ДФРМ и Агенција за филм: Финансиската поддршка за филмските работници е разбирање на нивниот статус, стои во соопштението на ДФРМ и Агенцијата за филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.