Минарето на Али Пашината џамија во Охрид се гради без дозвола за градба и статика, тивко пред извесно време продолжи незаконитата изградбата на 32 метарското минари на цамијата во срцето на Охрид, пишува Охриднет.

И покрај Тоа што посочувавме две години еве се остварува…Институциите потполно потфрлија, се толерира дивоградбата, обвинија од Здружението на граѓани „Совест“ Охрид.

-„Сите повици да се реши институционално отидоа во вода. Градежни инспекторати, Заводи,Управи, Судови проблемот под черџе…Истиот остана и за жал се продлабочува ..Веќе една недела на диво се гради минаре без градежна дозвола, без статички проект на диво…Дали некој ќе ја запре дивоградбата или ќе треба да се радикализираат граѓаните и да ја земат работатат во свои раце кога ништо во оваа држава нефункциоинира освен вечниот партиски интерес…дали некогаш ќе се слушнат граѓаните или само на избори..како и да е не заборавајте..избори се ближат па за брзо ќе го слушните гласот на граѓаните!!!, порачаа од „Совест“.

 

За незаконитата градба „Совест“ минатата година поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Завод и музеј, градежниот инспекторат и Управата за заштита на културното наследство.

Немаме ние ни верска ни политичка ни етничка омраза кон никого ние си го сакаме Охрид и сите што сме родени во Охрид треба да се избориме Алипашината џамија да стане култруно наследство затоа што како таква е прогласена, кажаа своевремено од здружението Совест.

Од „Совест“ бараат да се стопира и  преиспита одлуката за изградбата на 32 метри високото минаре кое ќе ја наруши визурата на градот Охрид.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.