Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) повеќе од седум децении нема своја Галерија, a во Домот на АРМ дваесет години ДЛУМ е сместен во простории под закуп и мошне се благодарни на соодветното Министерство за разбирањето за нивната положба во општеството.
Од ДЛУМ велат дека се разговарало со Премиерот Зоран Заев и со Дита Старова Ќерими, директор на Национална галерија и се споменувала куќата на Личеновски како можна опција за Галерија на ДЛУМ, но сето тоа сеуште не е сигурно.
Од друга страна Министерството за култура, пак, има особено лош однос кон асоцијацијата на ликовни уметници. Претседателот на ДЛУМ, Филип Фидановски информира дека Друштвото на ликовните уметници од Министерството за култура на Конкурсот за проекти од национален интерес добило 210.000 денари за печатење на каталози, но не и и за изложбите на кои тие се однесуваат?!
Јас можам реално да оправдам пред Министерство за култура со документација само 44.000 денари. За што друго и како да ги искористам преостанатите 166.000 денари до 210.000. Јас сум познат како многу радикален човек. На крај може да отпечатиме само каталози, да им ги дадеме на Министерство, а изложби да нема. Настрана тоа, пративме приговор до Министерството, во тек е жалбената постапка до второстепената комисија, а каков ќе биде исходот не знам. Ние како ново раководство реагираме на одлуките на Конкурсот за проекти од надлежното министерството за кој сметам дека е небулозен. Нема никаква логика за сето ова што се случува во културата. Едноставно не можете да му најдете заеднички именител на сето она што е објавено во Програмата на Министерство за култура, вели Филип Фидановски.
Не помалку скандалозна е одлуката на Министерството за култура да не обезбеди средства за Гран-при на Зимскиот салон на ДЛУМ, наградата што самото ја доделува како покровител на манифестацијата.
Покровител на наградата која подразбира уметнички престој во Париз, Франција, е токму Министерството за култура, а победничката на ланскиот Зимски салон Шќипе Мехмети ја нема во оние што се поддржани на Конкурсот за програми од национален интерес. Од таму се правдаат дека станува збор за превид, ние се разбира поднесовме приговор и на ова решение, но каков ќе биде натамошниот след на настаните останува да видиме, истакнува претседателот на ДЛУМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.