Со играниот филм „Гласот на учителот“ во режија на Хиројуки Итаја од 2014 година, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворена 13. „Недела на современ јапонски филм“ во организација на Амбасадата на Јапонија.
Ќе бидат прикажани четири играни и анимирани филмови од сите жанрови и за сите возрасти, снимени од 2013 до 2016 година. Покрај вечерашниот „Гласот на учителот“, утревечер ќе биде прикажан филмот „Ошин“, в четверток „Рудолф црниот мачор“, а в петок (1 ноември) од 20 часот е проекцијата на „Самурај мачка”.
Неделата на современ јапонски филм ќе ја отвори амбасадорката на Јапонија во земјава, Кеико Ханеда.
Првпат годинава манифестацијата ќе гостува и во Битола. На 5 и 6 ноември овие филмски наслови ќе бидат прикажани во Центарот за култура-Битола, со прикажувања два филма дневно.
Идниот вторник таму ќе бидат прикажани „Гласот на учителот“ и „Ошин“ од 20 и од 22 часот, а наредниот ден се проекциите на „Рудолф црниот мачор“ и „Самурај мачка” од 18 и од 20 часот.
Влезот за проекциите е слободен, но поради ограничен број на местата треба да се направат резервации на телефоните 02 3065 968 за Скопје и 047 520 151 за Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.