Во рамките на одбележувањето на јубилејот-25 години од воспоставувањето на билатерални односи меѓу Кралството Шпанија и Република Македонија, амбасадата на Шпанија во соработка со Министерството за култура и Кинотеката на Македонија организира „Недела на шпански филмови“. Ова е осми пат како се организира ваков настан, а ќе трае од 21 до 25 ноември.

Свеченото отворање на манифестацијата е планирано да се одржи на 21 ноември во Кинотека на Македонија со проекција на филмот “Requisitos para ser una persona normal” (Requirements to be a normal person), 2015, во режија на Leticia Dolera.

Сите филмови имаат превод на македонски и на англиски јазик.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.