Во Битола ќе се одржи недела на австралиски филм. Ревијата на филмови ќе ја отвори амбасадорката на Австралија, Рут Стјуарт, денеска, понеделник на 8 април во Центарот за култура Битола.

На отворањето ќе биде прикажана комедијата „Црвениот пес”, филм кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на ААЦТА.

„Неделата на австралиски филм” за прв пат се одржува во Битола и е организирана во соработка со амбасадата на Австралија за Србија, Македонија и Црна Гора, и Кинотека на Македонија.

Во рамките на ревијата филмови ќе бидат прикажани пет филма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.