Од 21 до 26 октомври во Кинотеката ќе сеодржи НЕДЕЛАTA НА АЛБАНСКИ ФИЛМ. На петдневната манифестација, реализирана од Кинотеката на Македонија и Националниот филмски центар на Албанија (Qendra Kombëtare e Kinematografisë / Albanian National Center of Cinematography) ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција.
На отворањето на НЕДЕЛАТА НА АЛБАНСКИ ФИЛМ ќе бидат присутни Едуарт Макри (Eduart Makri), директор на Националниот филмски центар на Албанија, и Н.Е. Фатос Река (Fatos Reka), амбасадор на Република Албанија во Скопје.
НЕДЕЛАТА НА АЛБАНСКИ ФИЛМ започнува со МОЕТО ЕЗЕРО (Liqeniim / My lake) на Ѓерѓ Џувани (Gjergj Xhuvani), веројатно еден од најпознатите и најуспешни албански филмски автори во овој век, кој прерано почина пред две години (Тирана, 1962 – Рим, 2019). Џувани режираше девет долгометражни играни филмови, од кои на македонската публика можеби најпознати наслови и се ПАРОЛИ (Slogans, 2001) и ИСТОК, ЗАПАД, ИСТОК: ФИНАЛЕН СПРИНТ (East, West, East: The Final Sprint, 2009; делумно сниман и во Македонија), прикажувани на Скопскиот филмски фестивал. МОЕТО ЕЗЕРО има алтернативен наслов „Мојот филм“, во кој Џувани ја отсликува тридецениската приказна од „темната страна“ на албанското општетсво – трговија со дрога, насилство меѓу младите – која се повторува и повторува…
Следува ЗОРАТА (Dita zë fill / The Daybreak) на Гентиан Кочи (Gentian Koçi), дебитанско долгометражно играно остварување на овој млад режисер, кој е автор на неколку кратки и документарни филмови. ЗОРАТА е социјална драма за нужното снаоѓање во борбата за егзистенција на една млада самохранамајка.
АМАНЕТ (Amaneti / The Last Wish) е уште едно дебитантско долгометражно остварување, потпишано од Намик Ајази (Namik Ajazi), со приказна од светот на шпионите во албанската државна безбедност и желбата да се раскаже вистината во таа „игра на искривени огладала“.
ЗАСОЛНИШТЕ МЕЃУ ОБЛАЦИТЕ (Streha mes reve / A Shelter Among The Clouds) е втор игран филм на Роберт Будина (Robert Budina), сестран филмаџија кој се занимава и со филмска продукција и режија, но е присутен и во театарот. Приказната на ЗАСОЛНИШТЕ МЕЃУ ОБЛАЦИТЕ, кој имаше богат и успешен фестивалски живот во Европа и светот, се одвива во милјето на едно мало планинско село во кое муслиманите и христијаните живеле во слога со векови. Главниот јунак, осамениот овчар Бесник е од мешан брак, па драстичните промени во општеството мора да го најде сопствениот пат во животот.
ДЕЛЕГАЦИЈАТА (Delegacioni / The Delegation) е уште еден успешен дебитантски наслов во албанската кинематографија, потпишан од Бујар Алимани (Bujar Alimani), кој важи за еден од најталентираните млади автори. Неговата приказна се одвива во зората на политичко-општествените промени во Албанија на почетокот на деведесеттите години, по падот на комунизмот, и желбата за рехабилитација на политичките затвореници.
На НЕДЕЛАТА НА АЛБАНСКИ ФИЛМ ќе имаме можност да видиме и кратки филмови на уште четири млади надежи на албанската кинематографија: Сокол Керај (Sokol Keraj), Бенарт Лазе (Benart Laze), Фабио Сефери (Fabio Seferi) и Раин Никола (Rain Nikolla).
21 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
МОЕТО ЕЗЕРО
(Liqeni im / My lake)
Игран филм, Албанија / Косово / Хрватска / Германија / Македонија / Италија
2020, 96 мин., колор, ДЦП
Режија: Ѓерѓ Џувани (Gjergj Xhuvani)
Сценарио: Ѓерѓ Џувани (Gjergj Xhuvani)
Улоги: Аритон Положани, Тристан Халилај, Ведран Живолиќ, Луиза Џувани, Бирче Хаско (Ariton Pollozhani, Tristan Halilaj, Vedran Zivolic, Luiza Xhuvani, Birçe Hasko)
22 ОКТОМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.
ДИСКО ПОГРЕБ
(Diskofuneral)
Краток игран филм, Албанија
2020, 17 мин., колор, ДЦП
Режија: Бенарт Лазе (Benart Laze)
Сценарио: Бенарт Лазе, Лорин Терези (Benart Laze, LorinTerezi)
Улоги: Тристан Халилај, Кристина Додај, Раел Хоџа, Клодиан Бури, Кристаџ Пило, Пелумб Дервиши (Tristan Halilaj, Kristina Dodaj, Rael Hoxha, KlodianBurri, Kristaq Pilo, Pëllumb Dërvishi)
ЗОРАТА
(Dita zë fill / The Daybreak)
Игран филм, Албанија / Грција
2017, 85 мин., колор, ДЦП
Режија: Гентиан Кочи (Gentian Koçi)
Сценарио: Гентиан Кочи (Gentian Koçi)
Улоги: Орнела Капетани, Сузана Прифти, Хермес Касимати, Аделе Ѓока, Ермела Рури, Пелумб Дервиши, Кастриот Шехи (Ornela Kapetani, Suzana Prifti, Hermes Kasimati, Adele Gjoka, Ermela Ruri, Pellumb Dervishi, Kastriot Shehi)
24 ОКТОМВРИ (САБОТА), 20:00 ч.
СРЕЌНА НОВА 1982 ГОДИНА!
(Gezuar vitin e ri 1982 / Happy new year 1982!)
Краток игран филм, Албанија / Колумбија / Романија
2018, 26 мин., колор, ДЦП
Режија: Сокол Керај (Sokol Keraj)
Сценарио: Сокол Керај (Sokol Keraj)
Улоги: Кеин Исмаил, Јули Емири, Наташа Села, Мехди Малкај, Кевин Ороши, Дан Бордејану (Kein Ismaili, Juli Emiri, Natasha Sela, Mehdi Malkaj, Kevin Oroshi, Dan Bordeianu)
АМАНЕТ
(Amaneti / The Last Wish)
Игран филм, Албанија / Италија
2014, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Намик Ајази(Namik Ajazi)
Сценарио: Ружди Пулаха (Ruzhdi Pulaha)
Улоги: Амос Захариа, Музафер Зифла, Ева Аликај, Алфред Требицка, Виолета Требицка, Адел Ѓока, Шкудири Чаушај, Сулејман Дибра (Amos Zaharia, Muzafer Zifla, Eva Alikaj, Alfred Trebicka, Violeta Trebicka, Adele Gjoka, Shydyri Caushaj, Sulejman Dibra)
25 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.
САДЕЊЕ ДРВЈА
(Mbjellja e Pemëve / The Planting of Trees)
Краток игран филм, Албанија
2021, 30 мин., колор, ДЦП
Режија: Фабио Сефери (Fabio Seferi)
Сценарио: Иљет Аљичка(Ylljet Aliçka)
Улоги: Луиза Џувани, Роерд Точе, Ѓулјелм Радоја, Алерт Челоалиај. Кастриот Чауши, Кевин Рапај, Криситна Рушити, Музафер Зифла, Едвин Мустафа, Џино Мусолари, Ерјон Ходо (Luiza Xhuvani, Roerd Toçe, Gulјelm Radoja, Alert Celoaliaj, Kastriot Caushi, Kevin Rrapaj, Kristina Rushiti, Myzafer Zifla, Edvin Mustafa, Xhino Musollari, Erjon Hodo)
ЗАСОЛНИШТЕ МЕЃУ ОБЛАЦИТЕ
(Streha mes reve/ A Shelter Among The Clouds)
Игран филм, Албанија
2018, 85 мин., колор, ДЦП
Режија: Роберт Будина (Robert Budina)
Сценарио: Роберт Будина, Сабина Кодра (Robert Budina, Sabina Kodra)
Улоги: Осман Ахмети, Арбен Бајрактар, Суела Бако, Хелга Бошњаку (Osman Ahmeti, Arben Bajraktaraj, Suela Bako, Helga Boshnjaku)
26 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
СОНЦЕ
(Diell / The Sun)
Краток игран филм, 17 мин., колор, ДЦП
Режија: Раин Никола (Rain Nikolla)
Сценарио: Раин Никола (Rain Nikolla)
Улоги: Ема Агалиу, Алтеа Лазај, Олта Даку, Лола Мета, Хервин Чули (Ema Agalliu, Altea Lazaj, Olta Daku, Lola Meta, Hervin Culi)
ДЕЛЕГАЦИЈАТА
(Delegacioni/ The Delegation)
Игран филм, Албанија / Франција / Грција / Косово
2018, 79 мин., колор, ДЦП
Режија: Бујар Алимани (Bujar Alimani)
Сценарио: Артан Минароли (Artan Minarolli)
Улоги: Виктор Жусти, Џевдет Фери, Ндричим Џепа, Рихард Замел, Касем Хоџа, Мехмед Џелили, Армандо Даути (Viktor Zhusti, Xhevdet Ferri, Ndriçim Xhepa, Richard Sammel, Kasem Hoxha, Mehmet Xhelili, Armando Dauti)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.