Филозофското друштво на Македонија и Гете-институтот организираат 9.Филозофски Филмски Фестивал.
Свеченото отворање ќе се случи на 09.05.2019 во 19:00 часот во Кинотеката на Македонија со проекцијата на филмот „Небото над Берлин“ од германскиот режисер Вим Вендерс.
Од 27.-30.05. следи ретроспективата на четири други филмови од Вим Вендерс. Вим Вендерс е роден 1945 во Дизелдорф и заедно со Раинер Вернер и Вернер Херцог се вбројува во редот на најголемите германски филмски режисери.
Тој има значаен придонес за меѓународната репутација на германскиот филм. Во кинотеката на Македонија во периодот од 27. до 30. мај ќе се прикажат пет од неговите филмови. Сите филмови ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик.
Ретроспективата ќе се оддржи во рамките на 9-тиот филозофски филмски фестивал.
ФИЛМСКА ПРОГРАМА:
09. мај: Небото над Берлин
27. мај: Токио-га
28. мај: Солта на земјата
29. мај: Соба 666
30. мај: Пина 3D
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.