Од денеска  (20 ноември) до 22 ноември во МКЦ, кино Фросина, ќе се одржат три филмски проекции на филмот „Небеска тема“, информираат од МКЦ.

Станува збор за документарец за животот и делото на Влада Дивљан, најпознат како фронтмен на српскиот и екс-југословенски рок бенд „Идоли“, еден од рок бендовите што го започнаа југословенскиот нов бран на културната сцена во поранешна Југославија во 1980-тите.

Секоја проекција почнува во 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.