Поема насловена „Не можам сам“ од Игор Косетски, загинат македонски бранител кај Вејце во 2001 година.
Во моите вени цутат цветови на омраза
чувствувам празнина и замор од светот
во кој течат сенки, смрт и страв
затоплувајќи го ковчегот на заборавот
кој избледува.
Срцето мисли дека плачејќи
ќе ги пронајде жртвите
безмилосно убиени од нивните кошмари
а во далечината врисок на безумие
зашто семињата на тагата се посеани.
Жнеачот ѕирка од вистината
и ги поканува правдата и победата
да дојдат
за да можам повторно да се гледам
во твоите очи!
Игор Костески (26), припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, загина во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.