Последен поздрав на Тони Михајловски до најважниот режисер во неговата актерска кариера.

“Златко Славенски. За мене најбитниот режисер во Македонија, и мојот актерски живот. Единствениот режисер кој ме ангажираше во 16те години незапосленост.

Единствениот кој имаше храброст да се спротивстави на директорите во намерата да ме ампутираат од театарот. “Будење на пролетта”, “Пер Гинт”, “Папокот на светот”. Не ја завршивме мојата магистерска во која требаше да ми биде ментор.

Почивај во мир другар мој. Нека ти е мирен и светол патот”, напиша актерот за режисерoт Славенски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.