Во рамките на одбележувањето на 55 години од основањето, Факултетот за музичка уметност продолжува со циклусот „научни среди“ со предавањето на професор Александар Димитријевски „Улогата на Факултетот за музичка уметност – Скопје во развојот на современата македонска етномузикологија“.

На научната среда се предвидени дела на Властимир Николовски, Драгослав Ортаков и Благоја Ивановски.

Факултетот за музичка уметност – Скопје продолжува со реализацијата на програмата „Musica Viva за деца“ како дел од научно-истражувачки проект поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.