Вечерва со почеток од 20 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржи настап на Импров Група.
Членови на Импров Групата се: Сергеј Димовски, Мартин Манев, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски и Тони Денковски. Водител: Андреј Цветановски.
За време на Импров Настапот, актерите ќе играат сцени за кои немаат сценарио, но имаат правила, во зависност од играта. Овој вид на ‘целовечерна претстава без сценарио’ ѝ дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на содржината преку задавање на локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш, за прв пат, ќе ги одиграат.
Импровизацијата е создавање нешто спонтано или создавање од нешто што е достапно во околината. Природната способност за импровизација може да се употреби во разни дисциплини, низ сите уметнички, научни, организациони, формално и неформално образовни форми.
„Целиот живот ми е една голема импровизација.“ – Клинт Иствуд.
Во изведувачките уметности, импровизацијата се користи како алатка за време на креативниот процес. Во театарот, постојат вежби и ‘игри’ кои ја освестуваат и развиваат креативноста, довербата во партнерот, способноста на изведувачот да се адаптира на секој нов проблем и секогаш да дејствува од активна но релаксирана позиција. Овие вежби и игри се основата на која е изграден еден Импров Настап.
Заснован на овие игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика, Импров Настап е комична, непосредна, но комплексно структуирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.