За два месеца се очекува официјално да биде отворен македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул врз основа на Договорот меѓу нашата и Владата на Турција за основање културни центри во двете земји, кој стапи во сила во 2015 година. Почна и процедурата за основање КИЦ во Тирана, за кој се очекува Собранието на Албанија да го ратификува Договорот што со нивниот Совет на министри го склучи македонската Влада.

Со овие два, Македонија ќе има четири културни центри надвор од својата територија. Првиот е отворен во Њујорк во 2004, а во април 2005 година почна да работи и во Софија.

КИЦ во Бугарија, всушност, е прв на меѓудржавно ниво, т.е. отворен врз основа на Законот за надворешни работи и на билатералниот договор за реципрочно отворање културни центри, кој го ратификуваа собранијата на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.