Течат последните подготовки за официјалното започнување со работа на Македонскиот Културно информативен центар во Република Албанија, со седиште во Тирана.

Отворањето  на Центарот е резултат на потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија и заложбите за  унапредување и продолабочување на културната соработка меѓу двете земји.

Центарот е сместен во непосредна близина на Градскиот парк, локација што овозможува видливост и интенција за поголема посетеност на културните настани. Директор на КИЦ-Тирана, е  Златко Ориѓански.

 Во моментов, во соработка со графичкиот уметник Зоран Кардула, интензивно се работи на  внатрешно уредување на просторот, а директорот Ориѓански најавува реализација на разновидна  културна програма, што ќе придонесе за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи во културата помеѓу двете земји, соопштија од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.