Народен театар Битола ќе донира 300 заштитни маски сошиени од вредните раце на нивните шивачи.
Почитувани деновиве поминуваме низ еден тежок период, кој се надеваме за брзо време ќе го оставиме зад нас. Денес седми април е денот на здравствените работници, за сето она што го прават за нас во овие тешки денови а воедно и како честитка за денешниот ден НТБ утре на Клиничката болница ,,Др.Трифун Пановски” од Битола ќе и подари околу триста заштитни маски направени од вредните рацете на нашите шивачи кои неколку дена работеа за истите да стигнат онаму каде што се најпотребни. Нека е честит денот на белите мантили и продолжете да се грижите за нас, а ние за вас остануваме дома онолку колку што ќе биде потребно!, соопштија оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.