Издавачката куќа „Три“ го објави најновиот бестселер на еден од најпопуларните современи автори во светот, историчар и докажан интелектуалец Јувал Ноа Харари – „21 лекција за 21 век“ .
Што се случува денес во светот и која е најдлабоката смисла на тие настани? Дали со развојот на технологијата и вештачката интелигенција стануваме посвесни и посреќни како човештво? Кои се нашите следни предизвици? Ако за иднината на човештвото се одлучува без наша согласност – никој нема да биде поштеден од последиците. Тоа не е фер, пишува Харари, но кој вели дека историјата е фер? 21 век е започнат, а Харари смело потсетува дека допрва имаме свет за спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.