Професорката Мирјана Најчевска на фејсбук јавно праша како Емил Крстевски од ДОМ е избран за директор на Државниот архив?
Еве, ме интересира, кое е образложението за разрешување на претходниот директор на Архивот и кое е образложението за поставување на Емил Крстевски за нов директор.
Имало некои критериуми? Нешто по што Едниот не треба, а другиот треба? Зошто баш Емил, а не некој друг? Што е тоа што го прави Емил соодветен за оваа раководна позиција? Од што се воделе во Владата во донесувањето на своето решение? Затоа што е член на ДОМ, па во распределбата на колачот на нив дошло ред?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.