Претставата „Тоби“ во режија на Драгослав Тодоровиќ на Театарот за деца и младинци (ТДМ) освои награда за најдобра анимација на кукли на 10. Бугојанско куклено биенале во Босна и Херцеговина.

Жири комисијата на фестивалот ја додели наградата за одличната актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.

За потсетување претставата „Тоби“ на минатогодишното издание на фестивалот „7-ми меѓународен фестивал за кукларство“ во Подгорица освои пет награди и тоа, Гран при за најдобра претстава, награда за најдобра режија, за Драгослав Тодоровиќ, награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли, за Ирина Сомборац , Награда за најдобра претстава од Детското жири на Фестивалот.

„Тоби“ на репертоарот на ТДМ на 21.09.2019 од 19:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.