Писателот Димитар Башевски, оперската певица Весна Гиновска – Илкова и естрадната уметница Виолета Томовска се годишните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ во областа на културата и уметноста, соопшти Министерството за култура.

Државната награда „Св.Климент Охридски” е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Во областа на воспитанието и образованието наградата се доделува на албанологот проф. д-р Агим Пољоска, а во областа на здравството наградата му се доделува на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог – алерголог.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2019 година (недела) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.