Со филмот за британскиот рокер Марк Болан, на 22 септември се затвори овогодинешниот фестивал Скопје Синема Сити кој се одржа во дворот од Кинотека на Македонија и за време на кој беа прикажани 12 филмови од најразлични продукции. За ова седмо издание артист во фокус беше исландскиот композитор на современа музика Олафур Арналдс. Нему фестивалот му ја испрати наградата на Исланд и токму за затворањето на фестивалот тој се заблагодари на примената награда на своите профили на социјалните мрежи.
Инаку фестивалот му додели награда на овој популарен композитор за негови достигнувања во музиката и филмот, а и го отвори фестивалот со неговиот филм „Кога ќе се родиме.“ За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019), Влатко Стефановски (2019) ибендот New Order (2020).
Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и оваа година беше организирано во соработка со Кинотека на Македонија, Гете Институтот и фондацијата Милан Младеновиќ. Визуелните решенија вклучувајќи го и дизајнот на самата награда се дело на Дијана Димитриевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.