Тошо Филиповски, музички новинар и неуморен хроничар на сѐ што е поврзано со македонската популарна музика и Томислав Кежаровски се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година во областа на публисцистиката, објави Министерството за култура.
Филиповски е автор на монографиите „Македонска рок-енциклопедија“, „Македонска дискографија – винили 1958-2019“ и „Македонски рок-времеплов“ која излезе во печат оваа година.
За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат Аделина Марку и Марјанчо Николовски.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година (вторник) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.