Meѓународна жири комисија на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“-Битола одчучи највисокото признание за годинешниот „Мал Битолски Монмартр“, наградата гран при да ја додели на ученици од ликовното студио ,,Simply Art” од Хонг Конг.
На светскиот детски ликовен пристигнаа над 65О пратки од приватни и државни училишта од цел свет, односно од 71 држава со фонд од 44.ООО детски ликовни цртежи.
Meѓународната жири комисија одлучи почесната награда „Професор Коста Хаџи-Антоновски” која се доделува за значаен придонес кон светската промоција на детското сликарство и кон промоција на младите ликовни уметници и таленти да се додели на градот Чигасаки Канагава одЈапонија, почесната награда „Проф. Светлана Вешиќ-Ралевиќ” која се доделува за прв пат а се однесува за најдобар педагошки пристап на светско ниво во работата со младите ликовни уметници и таленти ќе ја добие ликовниот педагог Вејсел Аџар од Трабзон, Турција, а почесната награда за животно дело за 2О23 година „Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” која се однесува за целокупниот работен век на ликовен педагог при работата со млади ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог Киран Кансара од Вадодара, Индија.
Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” ќе се одржи во Битола во периодот од 23 до 30 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.