По објавениот повик за испраќање на песна по слободен избор за учество на вториот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“, се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија со своите дела. Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доаенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/ литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело Ла Векија, односно: Томислав Османли, Геро Ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги номинираат сите триесетина автори, а со тоа и застапат сите оние кои беа претходно објавени на страната на Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“.

Наградени автори на „Антево слово“ 2018/ 19 година – Сицилија, Италија „АНТЕВО СЛОВО“ 2018/ 19 се:

Прва награда

КАТИЦА ЌУЛАВКОВА

Песна: Epistola a Giulia, la figlia di Ottaviano | Epistle to Julia, the daughter of Octavianus | Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан

Втора награда

ЅВОНКО ТАНЕСКИ

Песна: Making love after drunken night | Љубов по пијана ноќ

Трета награда

РАНИЈА ОРФАНАКОУ

Песна: La madre della cornice | The mother of the frame | η μητέρα της κορνίζας АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА Песна: Se vuoi che io ti ami | If you want me to love you | Ако сакаш да те сакам

Специјални награди

АЛЕКСАНДАР НАУМОСКИ

Песна: Il dolore | Pain | Болка

НАТАША САРЏОСКА

Песна: Pelle | Кожа

ФИЛИП ФИДАНОСКИ

Песна: Sky of Juanah | Небото на Жуана

Од исклучителна важност е големиот одзив кој го имавме и годинава и се надеваме дека во иднина сѐ повеќе поети ќе имаат можност да ги промовираат своите стихови, како и да им се отвори можност да бидат прочитани од интернационална публика, подвлече жирито.

Песната „ Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан“ на проф. Катица Ќулавкова е компаративна поетска лирика која освен што нуди историографско патување, доловува емоционален авторски бран кој ги текстуализира и истражува основните битови прашања на постоењето. Таа умешно и со доза на нежност ги обмислува преку поетскиот глас исконските, суштински догледи, еманципирачки и со длабок вознес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.