Со оглед на тоа што на првиот се пријавил само еден автор, уметничката Галерија Тетово повторно распишува конкурс за изработка на скулптура висока 250 сантиметри од рециклиран материјал.

Првиот конкурс беше од 3 до 17 септември, а беше побарано да се направи скулптура со рециклирани материјали.

Национална установа Уметничка Галерија Тетово го повторува конкурсот за скулптура со рециклиран материјал, метални парчиња, железни профили, плочки. Скулптурата треба да биде висока 250 сантиметри. Право на конкурирање имат сите уметници самостојно или група составена од повеќе уметници. Учесниците на конкурсот се обврзуваат да доставаат идејна макета на делото или видео идеја во 3Д – велат од установата.

Галеријата, се обврзува да обезбеди работна просторија каде што уметникот ќе ја реализира скулптурата, се обврзува да обезбеди материјали за реализација, транспорт, сместување и исхрана за уметникот за време на реализација на скулптурата,

Уметничка Галерија исто така за добитникот и реализаторот на делото ќе додели награда во износ од 60.000 денари. Конкурсот ќе биде отворен од денеска до 1 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.