На штотуку завршениот „Мотовун Филмски Фестивал“ во Хрватска, фолмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ.

Како што информираат од „Продукција Митевски“ на Мотовун Филмскиот фестивал 20 одлични филма се натпреварувале за само две награди што се доделуваат.

Главната награда „Пропелер“ ја добил исландскиот филм „Бел бел свет“, а наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ македонскиот филм „Господ постои, името и’ е Петрунија“.

Главната актерка не освои со одличен актерски израз и брзо не увери дека главниот лик е паметна жена која е комплексна личност и која ја открива нејзината моќ во текот на филмот. Таа е симбол на потребата за слобода во многу сфери и укажува на неопходните промени. Филмот е црна комедија, врвно изрежирана, монтирана, динамична и брзо го вовлекува гледачот во неговиот свет“, наведува во образложението за доделената награда, тричленото жири на фестивалот во состав од Маријана Јаковљевиќ, Јел Шот и Јасмила Шепетач.

Мотовун Филмскиот фестивал е 37 фестивал во светот каде се доделува оваа награда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.