ко сте љубител на книги за уметност, имаме корисна вест за вас: Музејот Гугенхајм во Њујорк, нуди повеќе од 200 изложбени каталози и книги кои можете да ги преземете од неговите архиви бесплатно!

Насловите датираат од 1936 година – повеќе од 20 години пред музејот да се пресели во неговиот сегашен дом, дизајниран од Френк Лојд Рајт во 1959 година – и да, ги има најголемите имиња во модерната и современата уметност: Винсент Ван Гог, Пабло Пикасо, Василиј Кандински, Густав Климт, Егон Шиле, Едвард Мунк и многу други. Многу од овие книги, каталози и уметнички монографии се дел од изложбите кои се сметаат за најголеми пресвртници во развојот на историјата на уметноста од 20 век.

Архивата може да се пребарува по уметник, година, уметнички стил или движење. Материјалите можат да се преземат во неколку формати, вклучително и во PDF формат. Треба само да се регистрирате за да ги добиете, но веб-страницата исто така нуди опција која ви овозможува со еден клик виртуелно да прелистувате низ нејзините страници без да се најавувате и превземате содржини.

Заедно со виртуелните тури обезбедени од музеите од целиот свет, сега можете и да ги читате содржините од областа на уметноста и историјата додека седите дома. Клик на линкот и уживајте.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.